| четврток, 6 декември 2018 |

Фајман ги критикуваше земјите кои одбиваат квоти за примање на бегалци

фајман

Австрискиот канцелар Вернер Фајман ги критикуваше Чешка, Полска и балтичките земји, кои одбиваат квоти за распределување на бегалци во рамки на Европската унија, јавија чешките медиуми.
Како што јави дооисникот на МИА од Прага, според Фајман, без квоти нема да биде можно да се стабилизира состојбата на надворешните граници на Унијата, низ кои минуваат илјадници бегалци, главно од Африка и од Блискиот Исток.
– Земјите како Чешка, но исто така и другите, Полска, балтичките земји, не сакаат задолжителни квоти. И за тоа треба да се критикуваат бидејќи без овие задолжителни квоти не можеме да се движиме напред – рече Фајман.
Фајман оцени дека проблемот со решавањето на бегалската криза, според него, не е во Европската комисија, туку и во земјите на Централна и Источна Европа.
Австрискиот канцелар, смета дека земјите на надворешната граница на ЕУ без постоење на бегалски квоти нема да имаат причина обезбедат непроодност на границите и затоа треба таа ситуација да се решава.
Според актуелниот европски систем за регулирање на азил за бегалците, обврска има земјата каде тие за прв пат влегле на територијата на ЕУ.
Предлогот на Европската комисија да се воведе форма на обврзувачки квоти на бегалци за земјите на ЕУ беше одбиен од членките.
Чешка беше една од оние кои се спротивставија на обврзувачките квоти, но се согласи да прими 1.700 бегалци до крајот на 2017 година, претежно од Италија и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top