| четврток, 6 декември 2018 |

Еврокомесар за миграции: ЕУ е должна да ги заштити бегалците

Macedonian police officers control departure of the migrants in the train heeding to the Serbian border

Еврокомесарот за миграциски прашања, Димитрис Аврамопулос денеска најави „војна против криумчарите со луѓе“ и враќање на мигрантите кои тргнеле кон земјите на ЕУ само од економски причини.

Аврамопулос истакна дека десетици илјади луѓе кои побегнале поради воените дејствија во нивните земји имаат право да останат во Европа и многу држави би можеле да направат повеќе за да им помогнат.

Според него, проблемите повврзани со миграцијата уште многу години ќе влијаат врз Европа.

Бројот на мигрантите кои се обидуваат да стигнат во Европа продолжува да се зголемува и досега достигна повеќе од 120.000 лица, што е трипати повеќе од минатата година и претставува рекорд од 2008 година, кога е започната нивна евиденција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top