| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал и Ливерпул ги поделија бодовите

Во последниот натпревар од третото коло од Премиер лигата, Арсенал на својот „Емирати“ стадион не успеа да го победи Ливерпул одигрувајќи го целиот натпревар без голови.
По првите две победи на Ливерпул оваа сезона, синоќа мораа да се задоволат и со бод од дербито, бидејќи Арсенал имаше повеќе од играта поготово во второто полувреме. Ливерпул подобро го отвори мечот, создаде неколку шанси, но Петр Чех на голот на Арсенал беше извнореден, спречувајќи сигурно водство на гостинот.

Арсенал и на вториот натпревар на домашен терен не постигна гол, а статистиката говори дека тоа на избраниците на Арсен Венгер им се случило на пет од последните шест меча, што секако треба да го загрижи менаџерот. Венгер е во потрага по врвен стрелец а последните преговори се со Реал Мадрид за Карим Бензема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top