Романтичното правилото „Добра вечера за добар секс“ доби научна потврда. Сита жена станува сексуално активна, покажува новото истражување во Универзитетот во Калифорнија. Во него научниците утврдиле дека нахранетите жени реагираат на романтичните сигнали посилно од гладните.
Во истражувањето учествувале 20 жени. Тие биле замолени пред експериментот да не јадат во текот на 8 часа. Им била прикажана серија од неутрални и од романтично-еротски фотографии.Соодветно научниците ја скенирале мозочната активност.
При втората фаза на истражувањето 20-те жени добиле хранлив пијалок од 500 калории.Потоа повторно им ги покажале истите слики. По јадењето на храната жените реагирале многу поактивно на романтични слики.
Истражувачите сметаат дека во мозокот се активираат слични нервни кола во присуство на награди. Тие комуницираат една со друга. Затоа една категорија награди (во случајот храната) ги прави другите видови награди попосакувани и привлечни (романтични фотографии).
Освен тоа физичката неудобност е некомпатибилна со сексуалната желба.
Но, експертите предупредуваат: прејадувањето, исто така може да доведе до непријатност.Па затоа е важно да се најде златната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


