| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштена во употреба новоизградената спортска сала на ДУТ во Тетово

DSC_1473Во рамки на Државниот Универзитет во Тетово денеска беше пуштена во употреба новозиградената спортска сала, дел од Владиниот проект за изградба на 35 спортски сали и е 33-та по ред која веќе е изградена, а уште две се во фаза на изградба.

Салата е со капацитет од околу 1.500 метри квадратни, 500 седишта, опремена е со најмодерна спортска опрема и оспособена да се користи за повеќе видови спорт – ракомет, фудбал, кошарка, одбојка, гимнастика, пинг-понг, тенис…

DSC_1513– Со изградбата на оваа сала ДУТ, а пред се Факултетот за физичка култура на овој Универзитет добиваат објект кој им беше неопходен во изминатиот период и за кој сум убеден ќе биде од голема корист за сите студенти кои тука ќе вежбаат и ќе се рекреираат, рече на пуштањето во употреба на салата премиерот Никола Груевски.

Тој истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се само дел од инвестициите во високото образование во Република Македонија и оти изминатите години започнале некои од најголемите проекти поврзани со оваа сфера.

DSC_1479Притоа, тој посочи на, како што рече, капиталниот проект за превод на илјада стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија. Книгите, рече, се печатат и на македонски и на албански, а досега околу 420 се преведени на албански јазик.

Покрај инвестициите во литературата, додаде Груевски, актуелен е и големиот проект на Владата на техничко-инфраструктурно опремување на високообразовните и јавните научни установи со лаборатории од најразличен вид, потенцирајќи дека само во ДУТ се инвестирани 76 милиони денари со кои се опремени четири лаборатории.

DSC_1526Најави продолжување на стипендиите на Владата за студентите кои ќе се запишат на првите 100 рангирани универзитети во светот, спроведување на проектот за доделување ваучери за набавка на таблет-компјутери за студентите со пониски приходи и студенти евидентирани како лица со посебни потреби, како и проектот за образование на возрасни 30-35 за кои, како што посочи Груевски, минатата година најголем интерес имало токму на ДУТ.

– Сите овие сегменти и проекти се дел од една голема и сеопфатна стратегија на Владата за континуиран напредок на образованието и подигнување на интелектуалните капацитети на луѓето во Македонија. За нас е многу важно да имаме силно образована и висококвалификувана работна сила без разлика на националната, етничката или верската припадност. Битно е да имаме силни индивидуи кои ќе бидат успешни во својата област и кои ќе продуцираат дополнителна вредност во Република Македонија, истакна македонскиот премиер.

DSC_1520Тој додаде дека колку е човек пообразован е побогат и покорисен за себе, за семејството, околината и државата и оти затоа Владата ќе продолжи да инвестира во образованието, факултетите, универзитетите…

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми истакна дека салата која што денеска се пушта во употреба е една од осумте кои веќе се изградени или се во фаза на градба во Тетово. Објектот, посочи Адеми, ќе може да го користат и другите граѓани во општината во периодот кога спортски активности тука ќе немаат студентите на ДУТ.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасески истакна дека дека оваа сала е дел од 35-те спортски сали кои се изградени во рамки на проектот на Владата на кој, како што рече, се додава и проектот на МОН за изградба на 145 ученички спортски сали. Појасни дека изградбата на салата чинела 600.000 евра, средства од буџетот на АМС.

Ректорот на ДУТ Вулнет Амети истакна дека изградбата на оваа сала е од големо значење за студентите на Факултетот за физичка култура при овој Универзитет, но и, како што рече, за останатите студенти кои ќе можат да одржуваат спортски активности

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top