| четврток, 6 декември 2018 |

Колку често треба да се прави пап-тест?

При пап (Папаниколау) тестот во форма на брисеви се зема примерок од клетките на грлото на матката или вагината на жената. Тестот се користи за да се направи увид во можните промени на клетките на грлото на матката и вагината што укажуваат на присуство на рак или состојби што може да се развијат во рак. Тоа е најдобрата алатка за откривање на предканцерозните состојби и скриени, мали тумори, кои можат да доведат до рак на грлото на матката. Доколку се открие рано, ракот на грлото на матката може да се излечи.
Според најновите истражувања на Американското здружение за гинекологија и акушерство со применување на пап-тестот рутински треба да се започне околу 18 година од животот на жената. Доколку не постојат никакви сомнежи за абнормалности на клетките или пак не постои претходна историја на позитивен резултат на ХПВ рутинско скенирање се препорачува на секои две години за жените 21-29 години. За жените 30-65 години, кои имаат нормален пап-тест со негативен резултат за присуство на ХПВ вирусот, пап-тест се препорачува на секои пет години.
Сепак кај некои жени се препорачува позачестено изведување на пап-тестот, особено кај тие жени што имаат ослабен имунолошки ситем, кои имале присуство на абнормалности во резултатите на пап-тестот претходно, кои се ХИВ-позитивни и сл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top