Многу бранувања предизвика последниот предлог на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер на Македонија, Никола Груевски, за добивање бонус од 17 пратеници за онаа политичка партија која ќе победи на претстојните парламентарни избори во земјава. Целта на овој предлог е онаа партија која ќе победи да може стабилно да владее. Предлог, кој во најмала рака е интересен. Особено ако си сигурен дека ќе победиш на изборите – пишува новинарот Дејан Николовски од „Нетпрес“.
Тој се осврна на експресно брзиот одговор на опозицискиот СДСМ.
-Даде одговор, кој мора да признаеме го знаевме однапред. НЕ ПРИФАЌА. Зошто? Едноставно затоа што знаат дека ќе ги изгубат изборите. Веднаш во нивна одбрана, како попарен, се јави дежурниот медиумски чувар на опозициските политички лузери. Кутриот Геро. Некогаш новинар и уредник на водечки и влијателен независен дневен весник. Некогаш респектиран аналитичар. Денес, пак, човек чии текстови се преполни со навреди и омраза. Текстови, кои човек мисли дека се напишани од некој млад и неискусен член на центарот за комуникации на опозицискиот, а како стојат работите и уште многу време таков, СДСМ. Некој млад и недозреан, кој заменува некој поискусен кој е на годишен одмор, па знае дека треба да реагира на секоја изјава и потег на Никола Груевски, и во таа реакција да го нападне, да го омаловажи и да го навреди. А, за СДСМ, истовремено како од пушка да опали, издигнувања и глорификација, без при тоа да обрне внимание барем малку каква всушност е реалноста – пишува Николовски во својата колумна.
Тој додава:
„Веројатно Героски не си го заборавил занаетот. Но, до толку многу да се стави во служба на лузерскион СДСМ, што веќе не му пречи било што да напише, туку едноставно важно е да е против Груевски, а во корист на опозицискине долгогодишни политички лузери. Само една работа заборавил да пресмета. Една проста математика. Ако ВМРО ДПМНЕ се пресметале, или анкетите им покажуваат дека ќе имаат 17 пратеници минус по претстојните предвремени парламентарни избори (61-17=44), а СДСМ 17 пратеници во позитива (33+17=50), тогаш одговорот е јасен како бел ден. Во тој случај дополнителните 17 пратеници бонус, кои ги предлага Никола Груевски, одат за победникот, поточно за СДСМ. Значи СДСМ ќе има 67 пратеници. СДСМ е победник на изборите. Веднаш може да почнат да слават. Ех, Геро, Геро…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст