| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички сепак без Иван Митров патува на реваншот од ЛЕ во Казањ

Екипата на Работнички утре патува за Казањ каде ќе го одигра реванш дуелот од баражот за групната фаза во Лига на Европа против Рубин. Македонскиот вицешампион кој досега има импресивни настапи во квалификациите поминувајќи дури три кола и сега се наоѓа на чекор до историскиот успех за клубот и за Македонија воопшто.
Во првиот натпревар одигран во Скопје, Работнички со играч помалку успеа да извлече реми, и покрај тоа што за клубот од „Дебар маало“ не играа дури четворица првотимци. Капитенот Баже Илијоски и репрезентативецот Душко Трајчевски се враќаат во составот по одработената суспензија од еден натпревар, а Суад Сахити одлилно се опоравува од повредата и ќе патува во Русија. Тој го одбратил последниот тренинг под полна пареа и ќе биде од голема помош за своите соиграчи.

Rabotnicki (1) (Custom)

Единствениот проблем кој го има менаџерот Игор Ангеловски е Иван Митров кој нема да замине со екипата во Казањ. Лекарскиот тим на Работнички не успеа комплетно да го опорави по повредата на десниот скочен зглоб, па одлука на стручниот штаб е да не се ризикува непотребно.

– Митров останува во Скопје бидејќи, сепак, не успеа да се опорави од повредата. Од друга страна, Сахити го издржа максимално вчерашниот тренинг, останува и денеска финален тест, но патува со екипата за Казањ. Со тимот ќе патува и Милован Петровиќ и покрај црвениот картон. Желба на колективот е да биде со екипата во моментите кога не очекува еден од најважните натпревари во клупската историја – изјави Игор Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top