| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Нема потреба за нова средба на врвот на ЕУ за емигрантите

јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер отфрли денеска повик за нова средба на врвот на Европската унија за имиграцијата и побара државите членки итно да ги применат договорите за прашањето.

Јункер го изрази тоа во статија објавена од Фигаро и германски Велт.

Објавувањето е пред средбата меѓу канцеларот Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд во Берлин.

Јункер ги повтори критиките кон европските влади за тоа дека не примиле емигранти од Италија и Грција каде десетици илјади се пристигнати преку морски пат во изминатите месеци за да избегнат војна и сиромаштија во своите држави.

– Немаме потреба за нова средба на врвот. Државите членки треба да прифатат европски мерки и да ги применат на своја територија – нагласува Јункер.

Тој додава дека ЕУ треба да направи еден список со „безбедни држави“ во кои емигрантите може да бидат враќани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top