| четврток, 6 декември 2018 |

Академик Ќулавкова: Што не направат Камп за азиланти во западноевропските држави?

Katica-Kjulavkova-01-740x320
Да се земјите на ЕУ дестинација на азилантите/мигрантите, тогаш зошто самите тие не им дадат виза туку ги гонат кон Македонија & Србија (сме потпишале Закон за реадмисија на азиланти пред неколку години со ЕУ и сме им го отстапиле „суверенитетот“ тие да одлучуваат по тоа прашање!)? Грција ги прима за да ги пушти слободно кон Македонија, а Унгарија не ги пушта да влезат, за да се вратат „слободно“ во Србија и во Македонија. Што не направат Камп за азиланти во западноевропските држави, прашува академин Катица Ќулавкова.
Таа на својот Фејсбук профил се осврна на актуелната состојба со мигрантите во Македонија, односот на ЕУ и ефектот врз Македонија.

„Македонија наскоро ќе стане азилантски КАМП, а не транзит-зона на азилантите. Видоа имаме искуство со кампување и со хуманитарни катастрофи, па штета е да се пропушти тоа искуство.

Земјите-членки на ЕУ подигаат ѕидови пред азилантите, поставуваат специјални сателити за контрола на границите, засилуваат безбедносни мерки, не избираат средства да го спречат овој бран (стимулиран не само од човечката несреќа), значи немаат намера да ги примат азилантите.

Која им е тогаш намерата, не е тешко да се претпостави. Демографски инженеринг, создавање хаос за да се направи нов „Ред“ во склад со нивните геостратешки интереси (територија, човечки ресурси, енергенси, вода за пиење, културно и природно богатство), нова „балканизација“, редизајнирање на државите…

Нè фаќаат на чувство за човечност тие што не покажуваат ни Ч од човечност! Само својот интерес си го гледаат. Сè е интерес кај нив, а кај нас – заблуда до заблуда. Страничен ефект кај нас ќе биде дефокусација од внатрешната политичка и институционална криза“- напиша Ќулавкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top