| четврток, 6 декември 2018 |

Босанец си ја убил ќеркичката затоа што се развел со жена му

tatkomonstyrumm
Горан Мишановиќ од Модрича, Босна и Херцеговина е топ-тема во медиумите од регионот откако ја убил својата тригодишна ќерка, па потоа извршил самоубиство.

Овој 29-годишен монструм бил вработен во општината, а на ваков чекор го навело несогласувањето со сопругата со која бил во лоши односи подолго време.

– Имаа многу проблеми во бракот, а таа го остави. Минатата недела и официјално се разведоа и тоа му падна многу тешко – изјавил другар на убиецот за српски „Телеграф“.

Горан во една пригода ѝ се заканувал на сопругата дека ќе зажали за цел живот затоа што си заминала, но никој не помислувал дека може да стори вакво нешто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top