Оваа скусена работна недела ќе помине во знакот на постепен пораст на температурата и во претежно сончево време. Мало зголемување на облачноста се очекува во вторник, и тоа во планинскиот предел во северозападниот крај. Оваа облачност ќе донесе и услови за краткотраен дожд во околината на Шар Планина.
Според Метеопро в среда веќе потпаѓаме под изразено антициклнонално влијание, што ќе ни обезбеди стабилно, суво и сончево време до крајот на работната недела.
Во однос на температурата очекуваме постепен пораст од ден на ден. Утрата и понатаму ќе бидат свежи, а дневните максимални температури ќе имаат вредност од 32 степена до 34 степени во повардарскиот крај, околу 30 во Пелагонија и до 32 во котлините од источниот крај. Повисоките места во источниот крај очекуваат максимална температура од 26 степени до 29. Овие вредности на максималната температура се очекуваат сè до среда, а в четврток се очекува пораст на максималната температура за околу 2 степна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст