| четврток, 6 декември 2018 |

Дали користите соодветно средство за контрацепција?

milijuni-kutija-kontracepcijskih-pilula-cilest-povlace-se-prodaje-slika-148871
На пазарот постои голем избор на средства за контрацепција, но треба да се знае дека нашите потреби со тек на време се менуваат. Еве неколку препарати што најчесто се употребуваат кај нас, но и во светот:

*Орална контрацепција Истражувањата покажуваат дека употребата на пилулите го намалува ризикот од канцер на јајници и матка. Иако овој метод пружа 100% заштита од забременување, доколку прописно и редовно се применува, сепак, жените понекогаш забораваат да ја испијат пилулата, што го објаснува фактот што 8% од корисничките забременуваат.

*Трансдермален фластер Овој фластер, што се лепи на кожа, ослободува поголема доза естрогени од пилулата, и тоа директно во крвотокот. Последично, жените чувствуваат повеќе нуспојави, како што се многу чувствителни гради, а и под поголем ризик се од појава на крвни згрутчувања.

*Вагинален прстен Се инсертира директно во вагината и ослободува хормони во период од три недели. Иако корисничките чувствуваат одреден степен на иритација на вагината, повеќето од нив тврди дека овој вид контрацепција е попрактичен од пилулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top