Високи претставници на двете корејски држави ќе започнат преговори денеска попладне, соопшти портпаролот на јужнокорејското претседателство.
Северна Кореја и се закани на Јужна со „тотална војна”, доколку до 8.30 часот по Гринич денеска, Сеул не престане со пропагандата емитувана на звучници преку границата.
Средбата меѓу претставниците на двете корејски држави – од Јужна Кореја министерот за обединување и претседателскиот советник за национална безбедност, од Северна – висок претставник на Министерството за одбрана и секретар на Корејската работничка партија, ќе започне во 9 часот по Гринич во пограничното село Панминчжон, во демилитаризираната зона.
Амбасадорот на Северна Кореја во ОН се закани вчера со воени дејствија доколку Јужна Кореја не престане емитувањето на пропагандни пораки преку границата. – Ако Јужна Кореја не го исполни нашиот ултиматум, нашата воена реакција ќе биде неизбежна и многу силна, рече амбасадорот.
Предлогот за преговори е поднесен вчера од Северна Кореја, а Сеул одговори денеска.
Тензиите на Корејскиот полуостров нагло се зголемија откако во четвртокот двете страни разменија артилериски оган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит