| четврток, 6 декември 2018 |

Нема задржување на мигрантите во Табановце

Migrants crossing Macedonia on their way for the western Europe countriesНема задржувања на мигрантите кои со воз доѓаат од Гевгелија на железничката станица Табановце.
Жителите на ова село, вечерва информираа дека штом пристигне воз со мигранти на железничката станица Табановце, тие мошне  кратко се задржуваат, обично, одмараат, се освежуваат, јадат и го продолжуваат патот кон соседна Србија.
Во текот на денов во 16 часот пристигнале околу 200, а во 21 часот, помеѓу 300 и 400 мигранти. Од невладините организации очекуваат да пристигне воз околу 01.30 часот.
Од Црвен Крст Куманово укажуваат дека мигрантите на железничката станица не се задржуваат, бидејќи тука не чекаат на документи. На железничката станица има екипи на Црвен Крст и на невладини организации.
Поставени се монтажни објекти каде што мигрантите можат да се засолнат, а денеска функционираат и тоалетите кои деновиве ги поставија екипи на Црвен Крст и на УНХЦР.
Од Итна помош Куманово потврдуваат дека во текот на денешниот и вчерашниот ден не биле повикани за каква било интервенција на железничката станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top