Двајца мажи кои се преправале дека се туристи ја украле бронзената статуа на славниот Огис Роден „Маж со скршен нос“ од музејот во данската престолнина Копенхаген, објави музејот во петокот.
Музејот „Ny Carlsberg Glyptotek“ објави снимки од надзорните камери кои ги прикажуваат дете осомничени лица, еден со куси панталони и шапка со широк обод, а другиот со фармерки, карирана кошула и капче. Едниот од нив на ремен носи вреќа, којашто според претставниците на музејот, можела да послужи скулптурата да биде изнесена од галеријата.
Кражбата, инаку, се случила во јуни, признаа во петокот од копенхашкиот музеј. Прикажани се и снимки на истите двајца мажи при нивна претходна посета на музејот, кога, како што се сомнева полицијата, го расклатиле постаментот со скулптурата, за да го онеспособат алармот.
Според наводите на музејот, на крадците им биле потребни 12 минути од моментот на влегувањето во музејот до моментот кога го напуштиле со бронзената скулптура висока 25,5 сантиметри. Челниците на музејот се убедени дека станува збор за професионалци.
Кражбата на оваа скулптура, проценета на сума до 265.000 евра, е едно од најголемите кривични дела во Данска, сторени последните години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.