САД ги стопираа заедничките воени вежби, кои ги почнаа со Јужна Кореја во понеделникот, поради тензиите со Северна Кореја, која упати закани за војна, изјавија американски воени претставници.
САД ја следат ситуацијата на Корејскиот Полуостров, но не презеле други мерки, додадоа тие.
Засега не е познато дали вежбите со Јужна Кореја ќе продолжат.
Претходно денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун прогласи целосна борбена готовност на вооружените сили во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.