Внукот на поранешниот јужноафрикански претседател, Нелсон Мандела е обвинет за силување на една 15-годишна тинејџерка.
Неговото име не се соопштува, од како што е речено, правни причини, освен дека станува збор за млад човек на 24 годишна возраст.Тој е обвинет дека ја силувал девојката во тоалетот на еден бар во Јоханесбург.
Семејството на Мандела одби да го коментира случајот, но повеќето членови , вклучувајќи ја и ќерката на првиот црнечки претседател на Јужна Африка, присуствувале на првото судско сослушување на обвинетиот.
Судот ја одложи одлуката за тоа дали внукот на Мандела ќе може да биде пуштен од притвор, со кауција, па според законите на оваа африканска земја, додека не се одлучи околу тоа, неговото име нема да биде обелоденето.
Тој бил уапсен во саботата, но одбива да ја прифати вината,Според неговото објаснување за случајот, не станува збор за силување, ниту за секс со насилство, туку дека девојката претходно се согласила.
Младиот човек се брани дека не знаел оти девојката е малолетна.
Јужноафриканските закони, меѓутоа, како силување го определуваат секој сексуален однос, со лице помладо од 18 години, без разлика дали постоела согласност за тоа, или не.
Семејството на девојката изјави дека еден од бодигардите на поранешната сопруга на Мандела, Вини Мандела, ги посетил во нивниот дом и барал од нив да не инсистираат за покренување обвинување против внукот на починатиот претседател.
Пред три месеци, еден друг внук на Мандел беше осуден со условна затворска казна, за физички напад на еден учител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.