| четврток, 6 декември 2018 |

Периодично се пропуштаат групи ранливи категории мигранти

Migrants wait permission to cross in Macedonia on their way for the western Europe countriesПрипадниците на АРМ кои се распоредени на јужната гранична линија со Грција почнаа периодично групно да пропуштаат ранливи категории мигранти на влез во земјата.

Првата група од околу 200 мигранти составена претежно од жени, мали деца и постари лица, беше пропуштена околу 15 часот и 30 минути и во придружба на полицијата и полициски сили беше пропратена до железничката станица во Гевгелија од каде со вонреден воз во 16 часот тргна кон Табановце.

Претставниците на АРМ им рекоа на бегалците дека вакво периодично пропуштање за влез во Македонија ќе има и понатаму, но тоа ќе се случува по нивна одлука. Влез во земјата на следната група мигранти претставниците на АРМ ја најавија за некаде после 19 часот.

Инаку, мигрантите ја прифатија ваквата одлука која внесе мир во нивните редови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top