Многу наскоро ќе почне школската година, а Долче и Габана веќе ги создадоа совршените парчиња за најмилите. Во нивната мини колекција ќе најдете спој на неодоливи карирани капутчиња, црвени здолништа, бели кошулчиња, хулахопки со цветови и овошја и што уште не.
Дизајнерското дуо подготви шармантни парчиња и за момчињата како фармерки во темни нијанси, црвени ранчиња, плетени капи, елечиња и мали слатки додатоци.
Слатките парчиња тие ги прикажаа преку уште послатка кампања во која малите модели се вистинско освежување на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.