| четврток, 6 декември 2018 |

Емигрант прободе полицаец со нож

Порталот „Гевгелија нет“ објави дека припадник на специјалните полициски сили распореден за обезбедување на Железничката станица во Гевгелија, синоќа околу 23 часот бил прободен од засега неидентификувано лице – емигрант на поминување низ Гевгелија. Настанот се случил во близина на бензинската на „Макпетрол“, која се наоѓа под надвозникот на влезот во Гевгелија на стотина метри од зградата на железничката станица.

Очевидци на случката раскажале за „Гевгелија нет“ дека екипа на специјалните полициски сили заобиколила група од десетина мигранти со цел да се идентификува сторителот, а несреќно прободениот полицаец сè уште лежел на стомак на асфалтот со грчевити тресења на екстремитетите. Веднаш пристигнала и екипа на брза помош од гевгелиската општа болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top