Новата планета што ја открија астронаутите изгледа како помлад брат на Јупитер, а од Земјата е оддалечена 100 светлосни години. Веќе доби и име 51 Еридани б, а е стара само 20 милиони години, па вселенски се смета за вистинско бебе.
Но, овој свет може да ни даде многу информации за основање на нашиот систем. Научниците го откриле со помош на „Гемини планет имагера) (ГПИ), систем кој открива млади планети анализирајќи ја светлината што ја емитираат. За разлика од Кеплер, кој планетите ги открива така што ја анализира сенката што ја фрлаат на сопствените ѕвезди, ГПИ ја гледа планетата и може да детектира светови што се наоѓаат многу подалеку од сопствените ѕвезди. Тој систем на научниците откри и дека бебето Јупитер има посилна трага на метан од другите нови откриени планети, а на гасовитиот џин детектираа вода.
Токму ова откритие на метан, кој доминира и на Јупитер, ќе им помогне на астрономите за да откријат како се развиваат вакви гасовити џинови. Масата на планетата е двојно поголема од нашиот Јупитер, а околу својата ѕвезда се врти на оддалеченост на која е Сатурн во нашиот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст