Има доволно средства во Буџетот за зголемување на пензиите изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој вчера беше гостин во вестите на МТВ. Пензионерите за 5% ќе добијат повисока пензија во септември, која што ќе биде исплатена во октомври. Зголемувањето на пензиите ќе биде линеарно, односно по 630 денари за секој пензионер.
-За зголемување на пензиите ние уште во буџетот кога го правевме за 2015 година ставивме доволно средства. Секогаш така работиме, пред да им ветиме на пензионерите или било која друга група на граѓани, проверуваме, анализираме, правиме пресметки дали имаме сила тоа да го направиме и како. Така да сега со ребаланот само се потврдува дека можно е тоа да се направи, односно септемвриската пензија што ќе биде исплатена во октомври месец, пензионерите ќе ја добијат со покачување од 5 проценти, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Пензионерите задоволни од новото зголемување на пензиите
Сојузот на здруженијата на пензионерите на Република Македонија ја поздрави одлуката за зголемувањето на пензиите од 1 септември за 5 отсто. Претседателот на Сојузот Драги Аргировски, истакна дека пензионерите треба да бидат задоволни, бидејќи во време кога во нашето опкружување пензиите се намалуваат, во Македонија се зголемуваат.
“Најверојатно зголемувањето на пензиите ќе биде линеарно, а и најдобро е да се добие линеарно зголемување, односно по 630 денари за секој пензионер, што значи дека најмногу ќе добијат оние кои имаат помали пензии, истакна претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Република Македонија.
Аргировски потенцираше дека во моментов има околу 23 илјади корисници на пензија во висина од 8 илјади денари и истите ќе добијат зголемување од 8 отсто.
“Пензионерите кои земаат по 9.500 денари, а тоа се 82 илјади пензионери тоа е голема бројка, ќе добијат зголемување од 7 отсто. Оние кои имаат просечна пензија од 12.470 денари ќе добијат зголемување во висина од 5 отсто, додека пак оние што земаат околу 20.000 денари пензија ќе имаат зголемување од околу 3 отсто, а најмало зголемување ќе имаат оние со пензија над 35 илјади денари.
Ова зголемување на пензиите, според него, ќе значи и зголемување на просечната пензија во Македонија.
-Досегашните 202 евра ќе се покачат на 213, а 213 евра сега моментално нема ниту една држава во нашето опкружување. Бугарија и Албанија имаат по 150 евра пензија, Србија околу 180 евра, Косово 120 евра, Грција има значително намалување на пензиите, така што треба да бидеме задоволни со висината на пензиите, а уште повеќе што тоа ќе значи подобрување на стандардот на пензионерите во Македонија. Според Државниот завод за статистика, споредбено со земјите што ги спомнав, ние во Македонија имаме и најниска потрошувачка, додаде Аргировски.
Зголемувањето на пензиите е значајно од социјален аспект – став на универзитетските професори
Најавеното зголемување на пензиите од 5% е многу значајно, првенствено од социјален аспект, смета професор Томе Неновски. Според него ова претставува значајно зголемување за најзагрозената категорија.
-Она што е многу значајно е што зголемувањето ќе биде линеарно, сите ќе добијат еднаква сума, оние со најниски како и оние со највисоки пензии. За оние кои што имаат најниски пензии тоа ќе значи повеќе бенефити. Од друга страна битен е овој ефект на зголемување на пензиите и од економски аспект затоа што зголемувањето од 5%, односно по 650 денари по пензионер ќе значи зголемена количина пари во оптек која ќе влезе во процесот на потрошувачка, а по дефиниција потрошувачката е оној фактор кој што е поттикнувачот на економскиот растеж, смета Неновски.
Секое зголемување на сумата пари кое ја добива населението во основа значи зголемување на стандардот, особено ако се има во предвид нулта порастот на цените во земјата, додава тој.
-Ако инфлацијата е ниска, а имаме зголемување за 5% на примањата, тоа значи дека имаме и реално зголемување на примањата, а со тоа и на стандардот на таа категорија на луѓе, заклучува Неновски.
Просечната пензија од 2006 до 2014 година се зголеми за 62 %.
Од 7.683 денари во 2006 година на 12.445 денари во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст