| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓу бегалците и 4.000 терористи

naslovna_REPUBLIKA-br155-(21-avgust-2015)

 Во најновиот број на „Република“ ќе читате:

 

Црвена тревога во Европа

Меѓу бегалците и 4.000 терористи

По­ра­неш­ни­от опе­ра­ти­вец на си­ри­ска­та тај­на служ­ба „Ал-му­ха­ба­рат ал-Амах“ или Оп­шта служ­ба за раз­уз­на­ва­ње, кој се­га ра­бо­ти за по­тре­би­те на во­е­на­та ко­ман­да на ИСИС, на свои за­пад­ни ко­ле­ги им пре­нел шо­кант­ни ин­фор­ма­ции по­вр­за­ни со ус­пеш­но спро­ве­де­ни­от план на Ис­лам­ска­та др­жа­ва да ин­фил­три­ри­ра свои опе­ра­тив­ци под­го­тве­ни за те­ро­ри­стич­ки на­па­ди на европ­ска те­ри­то­ри­ја. Спо­ред овој опе­ра­ти­вец, по­ве­ќе од 4.000 при­пад­ни­ци на ИСИС се ве­ќе ста­ци­о­ни­ра­ни во Евро­па, од Ли­са­бон до Вар­ша­ва, од Бер­лин до Рим и од Ати­на до Хел­син­ки. Го­лем дел од нив не­ма­ат со­од­ве­тен тре­нинг за из­вр­шу­ва­ње сло­же­ни те­ро­ри­стич­ки опе­ра­ции, но тие се под­го­тве­ни за са­мо­у­бис­тве­ни на­па­ди, а ме­ѓу нив има и лу­ѓе што во кам­по­ви­те на ИСИС пред за­ми­ну­ва­ње до­би­ле зна­е­ње за ра­ку­ва­ње со експ­ло­зи­ви и за ко­ри­сте­ње еле­ктрон­ски на­пра­ви за акти­ви­ра­ње за­па­ли­ви ма­те­ри­ја­ли. Ре­чи­си си­те се обу­че­ни за ко­ри­сте­ње авто­мат­ско оруж­је, кое, спо­ред си­те за­пад­ни служ­би, за 500 до 2.000 евра мо­же лес­но да се ку­пи на цр­ни­от па­зар во Евро­па.

 

Грчко-европски манипулации

Ова не е срам за Македонија, ова е срам за меѓународната заедница

За­бе­ле­шка­та на евро­ко­ме­са­рот за ми­гра­ции на Европ­ска­та уни­ја, Ди­ми­трис Авра­мо­пу­лос,  до зем­ји­те од Бал­ка­нот (чи­тај Ма­ке­до­ни­ја и Ср­би­ја), де­ка не пре­зе­ма­ле мер­ки за за­тво­ра­ње на бал­кан­ски­от пат на ими­гра­ци­ја­та, е врв на ли­це­мер­на­та и по­ни­жу­вач­ка по­ли­ти­ка на Бри­сел и Ати­на кон Ма­ке­до­ни­ја. Не­бу­лоз­ни­те твр­де­ња де­ка др­жа­ва­ва не по­ма­га­ла во спре­чу­ва­ње­то на кри­за­та прет­ста­ву­ва­ат са­мо си­лен по­ка­за­тел де­ка Бри­сел ку­ка­вич­ки се оби­ду­ва да ја по­крие сопс­тве­на­та не­моќ да се со­о­чи со проб­ле­мот, при­тоа очиг­лед­но оче­ку­вај­ќи Ма­ке­до­ни­ја да се пре­тво­ри во огро­мен бе­гал­ски камп, во кој ќе ги сме­сти си­те не­по­са­ку­ва­ни го­сти од Бли­ски­от Исток.

6

Македонската Имелда Маркос

Јахти, вили и хедонизам без граници

До­ма глу­мат аске­ти и ре­во­лу­ци­о­не­ри, над­вор се хе­до­ни­сти. Ва­ка би мо­же­ло на­ку­со да се опи­ше дејс­тву­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ска вр­ху­шка. До­де­ка се во др­жа­ва­та, ќе не­ги­ра­ат де­ка има­ат џи­по­ви, ки­рии, ви­ли и што ли не. Но штом стап­нат над­вор од гра­ни­ци­те на др­жа­ва­та, кај нив се слу­чу­ва не­ве­ро­јат­на транс­фор­ма­ци­ја. Во сти­лот на Ки­ре Ба­на­на­мен кој со кас­ну­ва­ње­то на јуж­но­то овош­је ста­ну­ва су­пер­хе­рој, ма­ке­дон­ски­те опо­зи­ци­ски ли­де­ри со ми­ну­ва­ње­то на па­со­шка­та кон­тро­ла ста­ну­ва­ат су­пер­хе­до­ни­сти.

„Не“ за пакет решение

Името мора да се решава посебно

Ми­на­то­не­дел­на­та нај­а­ва од Бел­град де­ка Гр­ци­ја би­ла при­ну­де­на од ме­ѓу­на­род­ни­те кре­ди­то­ри и од ЕУ да го приз­нае Ко­со­во ако са­ка да до­бие нов па­кет по­мош, ги зго­ле­му­ва стра­во­ви­те де­ка Ма­ке­до­ни­ја на­ско­ро би мо­же­ла да би­де при­ну­де­на да би­де дел од по­ши­рок ре­ги­о­на­лен па­кет во кој во истовре­ме би се ре­ши­ле отво­ре­ни­те пра­ша­ња ка­ко што се ста­ту­сот на Ре­пуб­ли­ка Срп­ска, вла­де­ни­е­то на Се­вер­но Ко­со­во и на срп­ски­те оп­шти­ни, спо­рот за име­то Ма­ке­до­ни­ја, грч­ко-ал­бан­ски­от спор во Јон­ско­то Мо­ре бо­га­то со на­фта и гас, ки­пар­ско­то пра­ша­ње и конф­ли­ктот за дел од егеј­ски­те остро­ви ме­ѓу Гр­ци­ја и Тур­ци­ја.

kufer

Демографија и статистика

Турци и Албанци најмногубројни меѓу доселениците

Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка во 2014 го­ди­на во Ма­ке­до­ни­ја се до­се­ли­ле 4.208 ли­ца, а до­ма се вра­ти­ле 265 Ма­ке­дон­ци, што е мно­гу по­ма­ла број­ка од по­врат­ни­ци­те во 2013 го­ди­на, ко­га се ре­ги­стри­ра­ни 490 ли­ца.  Од Ав­стра­ли­ја во 2014 го­ди­на се вра­ти­ле 13 ли­ца, од Ази­ја две ли­ца, од Аме­ри­ка 18, а од Евро­па 232 Ма­ке­дон­ци. Го­ле­ма е и бро­јот на стран­ци со при­вре­мен пре­стој што дош­ле во Ма­ке­до­ни­ја – 2.273, ка­ко и бро­јот на стран­ци со про­дол­жен пре­стој во зем­ја­ва – 1.670. Во 2013 го­ди­на се ре­ги­стри­ра­ни 1.941 стра­нец со при­вре­мен пре­стој и 1.560 стран­ци со про­дол­жен пре­стој. Ми­на­та­та го­ди­на во Ма­ке­до­ни­ја се до­се­ли­ле  697 Тур­ци и 322 Ал­бан­ци. Од Ко­со­во се до­се­ли­ле 192 ли­ца, а од Ср­би­ја 184 ли­ца. Ма­ке­до­ни­ја за ме­сто на жи­ве­е­ње ја из­бра­ле 163 Гр­ци.

 

Дијаспората носи сѐ повеќе пари

Печалбарите ни испраќаат 10 проценти од БДП

Пе­чал­ба­ри­те во пр­ви­те пет ме­се­ци од оваа го­ди­на во Ма­ке­до­ни­ја ис­пра­ти­ле 83 ми­ли­о­ни евра. Ова се па­ри од лич­ни транс­фе­ри што ов­де до­а­ѓа­ат по офи­ци­јал­ни ка­на­ли, од­нос­но пре­ку бан­ки­те, па ка­ко та­кви се ре­ги­стри­ра­ат и мо­жат да се пре­бро­јат. Овие прес­ме­та­ни доз­на­ки, од­нос­но па­ри­те што во Ма­ке­до­ни­ја ги пра­ќа­ат исе­ле­ни­ци­те, се во про­сек око­лу 4 про­цен­ти од вкуп­ни­от до­ма­шен бру­то-про­из­вод (БДП) на зем­ја­ва. Се­пак, ова не е ко­неч­на су­ма на вле­зе­ни па­ри во зем­ја­ва од исе­ле­ни­ци­те, од­нос­но из­но­сот на тие па­ри е мно­гу по­го­лем, би­деј­ќи го­ле­ми се из­но­си­те што вле­гу­ва­ат, а не се бро­јат, за­тоа што до­а­ѓа­ат пре­ку не­фор­мал­ни ка­на­ли, во џе­бо­ви, по авто­бу­си и пре­ку род­ни­ни и при­ја­те­ли и по­тоа се раз­ме­ну­ва­ат во ме­ну­вач­ни­ци. Ако се прес­ме­та­ат и овие па­ри, доз­на­ки­те во др­жа­ва­ва до­стиг­ну­ва­ат до де­сет про­цен­ти од вкуп­ни­от БДП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top