| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува исплатата на условниот социјален надоместок за средношколци

upisi-sredno
Ќе има продолжување на Програмата за условен социјален надоместок, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на реканско-дебарскиот крај.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски рече дека одлуката за продолжување е донесена бидејќи е оценето оти ефектите од оваа Програма се многу позитивни и потсети дека неодамна е донесена и одлука за зголемување од 10 проценти на социјалната помош.

– Од друга страна, сите семејства кои се приматели на социјална помош, а имаат деца кои одат во средно училиште, ќе добиваат дополнителни 12.000 денари со цел да им се помогне за трошоците кои ги има детето и да се охрабри детето да оди на училиште, изјави Груевски.

Тој појасни дека единствениот услов кој треба да се исполни за да се добие овој паричен надоместок е детето редовно да оди на училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top