Попладнево во Македонија ќе почне да дува умерен северен ветер, кој по Повардарието повремено ќе се засилува, а ќе има и појава на дожд и на грмежи, особено во источните делови од земјата. Дневната температура се движи од 24 до 30 степени.
Во Скопје слично време, попладне нестабилно со појава на пороен дожд и грмежи. Дневната се искачува до 29 степени.
В петок нестабилноста со пороен дожд и грмежи ќе биде позастапена попладне и кон јужните и источите делови од земјата, а во моментите на пороен дожд ќе дува повремено засилен ветер. Нестабилноста в сабота ќе слабее и ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност, а в недела времето ќе биде убаво, но малку посвежо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.