| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете што е тоа „имагинарен тренинг“?

fitnes-450x225

Научниците заклучија дека умот игра важна улога во постигнувањето на резултатите од вежбањето. Во едно истражување, испитаниците ги правеа вежбите за раце (по десет вежби трипати неделно) замислувајќи си дека креваат најтешки тегови. По осум недели, не беше забележана промена во однос на дефинираноста на мускулите, но затоа силата на рацете беше зголемена за 30-40%.

Причина: умот го контролира телото во таа мера што мозокот го фокусира на работата на мускулните влакна и на моторните неврони, објаснуваат научниците.

Дали знаевте? Ако успеете да се искачите по скалите, а при тоа да не сте премногу задишани, нивото на вашата кондиција укажува на намалување на ризикот од мозочен удар дури за 50%, покажуваат истражувањата на британските научници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top