Пред полната сала и одушевената публика во Салата на Центарот за култура, на манифестацијата „Незаборав“ посветена на Гоце Николовски настапија Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Зоран Маневски и групата „Калабалак“.
Инаку, културно-уметничката манифестација „Незаборав“, во рамките на „Бит-фест“ се одржува по шести пат и годинава му беше посветена на Гоце Николовски затоа што неговите родни корени се од битолските села Барешани и Лажец, а и затоа што неговата легендарна песна „Бисер балкански“ ќе се пее секаде и додека има Македонци.
Во 2010 година „Незаборав“ беше посветен на Сашка Петковска, во 2011 година на Јонче Христовски, во 2012 година на Пепи Бафтировски, во 2013 година на Љупчо Спасеновски – Буба Мара, а минатата година на пејачот Добри Ставревски. Ова се сите битолчани, кои оставија неизбришливи траги во македонската музика и за кои живеат споменот и сеќавањата кај битолчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст