| четврток, 6 декември 2018 |

Одмрзнати средствата на „Макпетрол“ и на „Оилко“

бензинОсновниот суд Скопје 1- Скопје соопшти дека кривичниот совет следејќи го јавниот интерес одлучил да се одмрзнат и деблокираат сметките на компаниите „Макпетрол“ и „Оилко КДА“.

Основен суд Скопје 1 – Скопје во врска со предметот кој се однесува на замрзнување на банкарските трансакции на правните лица „Макпетрол“ Скопје и „Оилко“ КДА Скопје ја информира јавноста дека кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка.

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за следење на платен промет и трансакции на сметки на правното лице „Макпетрол“ и на правното лице „Оилко КДА“ Скопје, поднесен од 18.8.2015 година го уважи предлогот, односно со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица „Макпетрол“ Скопје и „Оилко КДА“ Скопје, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1- Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top