| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ќе и даде на Србија 3,2 милиони евра за прифаќање на мигрантите

мигра

Европската унија во следните шест месеци до една година ќе и помогне на Србија околу прифаќањето на мигрантите, за што ќе одвои 3,2 милиони евра, изјави денеска заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Белград, Оскар Бенедикт.

– ЕУ уште денеска во Брисел го направи првиот чекор, издвојувајќи 150.000 евра за набавка на храна и хигиенски средства во прифатниот центар, во кој можат да се сместат околу 70.000 мигранти кои се очекуваат да пристигнат во следните три месеци – истакна Бенедикт по посетата на Прифатниот центар за мигранти во Прешево.

Според него, ЕУ заедно со Меѓународната организација за мигранти и УНХЦР подготвуваат и проект вреден осум милиони евра, кој ќе биде наменет за Србија и Македонија во врска со мигрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top