| четврток, 6 декември 2018 |

Двегодишно дете исчезна во водите на Треска

treska

– Двегодишно дете од скопско Чичино Село, исчезнало додека си играло со неговата седумгодишна сестра покрај брегот на реката Треска.

Како што соопшти МВР, случајот вчера околу 18 часот го пријавила неговата мајка Ш.К.(40). Според мајката, нејзиниот двегодишен син додека играл со сестрата се лизнал и паднал во реката, по што исчезнал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top