Иако девственоста може да се чини малку старомодна, многу жени во своите 20-ти и 30ти се токму тоа – девици. Ако се забавувате со “идно секси маче” и таа одличи дека вие сте правиот, треба на ум да имате неколку работи. За разлика од жените искусни во кревет, ако таа е девица, не знае што да очекува освен она што и го кажале пријателките. Значи зависно од тоа со кого разговарала, таа ќе очекува или многу болка или екстаза.
Во секој случај, сигурно ќе биде нервозна и тогаш треба да настапите вие. Следните совети треба да ви помогнат како првиот пат да и биде убаво и незаборавно искуство.
НЕ ПОСТАВУВАЈТЕ РОКОВИ
Никој не сака да биде под притисок. Сосем е во ред да и дадете до знаење дека сте подготвени врската да ја однесете на следното ниво, но таа не треба да добие впечаток дека единствена цел ви е да ја однесете во кревет. Жените кои сеуште се девици на 25 или 30 години не би требало да се уплашат од притисокот, но сепак – тие имаат искуство со кажување не! Ако е девица и сеуште не се предала на некој маж, тоа значи дека чека некој посебен. Притисокот ќе ја натера да се чувствува приклештена и заробена – а тоа нема вас да ве направи Принц на бел коњ во нејзините очи.
ПРЕВЗЕМТЕ ЈА КОНТРОЛАТА
Тука вие сте искусниот и нејзе ќе и биде потребно вашето цврсто, но нежно, водство. Всушност, таа тоа и го очекува, па не плашете се самоуверено да ја водитеч жените сакаат кога мажите ја превземаат контролата во спалната соба. Таа нека ја одредува брзината со која се одвиваат работите, но во ниеден момент не дозволувајте да не се знае кој кого го подучува. Таа може да вреска од задоволство, да ве моли да влезете во неа – но тоа не мора да значи дека е подготвена.
Вие сте експертот и ваша рабта е да оцените колку е возбудена. Треба да е неверојатно запалена (и највлажна што може да постигнете) пред да одите до крај. Таа овој момент ќе го памети до крајот на животот. Сигурно сакате сеќавањето да и буди палави воздишки, а не да ја тера да ги прекрсти нозете помислувајќи на болката што ја доживеала.
ОПУШТЕТЕ ЈА
Природно е таа да се чувствува малку нервозно, но со неколку едноставни трикови можете да ја смирите вознемиреноста. Многу веројатно е да и биде нелагодно, па треба да и ја поттикнете самодовербата. Кажете и колку е секси и колку прекрасно изгледа во вашиот кревет. Дури и ако го знае ова, тоа што ве чула како го кажувате може да направи чуда.
Бакнувајте ја подолго, дајте и до знаење дека сте фокусирани на неа, а не само на нејзиното тело. Зборувајте и додека го допирате нејзиното тело, откријте што и се допаѓа, а што не. Можеби звучи еднострано, но ова треба биде нејзин момент и фокусиран на тоа што таа го нуди, не на тоа што вие го земате. Дајте и го ова до знаење и таа целосно ќе се опушти.
ВОЗБУДЕТЕ ЈА
Знаеме дека ова изгледа како многу очигледен совет, но на него се обраќа помалку внимание отколку што мислите. Таа треба да гори од страст и да ве моли да ја земете и треба да ја задржите во таква состојба до моментот на вистината. За жал, многу мажи ја расипуваат магијата на моментот токму пред пенетрација. Тоа не е намерно, туку стануваат напнати бидејќи знаат дека ќе предизвикаат малку болка кај својата партнерка. Опуштете се, таа знае што следува и нема вас да ве обвини за тоа. Влегувајте полека, но не заборавајте да ја бакнувате и галите во меѓувреме. Така ќе и дадете нешто што ќе и го одвелува вниманието од болката и ќе ја одржи возбудена, што ќе ја намалинејзината осетливост на болка.
УСПОРЕТЕ ИЛИ ЗАСТАНЕТЕ АКО Е ПОТРЕБНО
Можно е на почетокот на вечерта таа да биде подготвена и расположена, но бидете спремни и за промена на расположенито пред да се случи самиот чин. Не грижете се, тоа не значи дека не ве поскува, туку само дека не е подготвена. Некои жени се сексуално послободни од други – можеби не може да се справи со фактот дека ќе ја изгуби својата девственост. Од друга страна, можеби и е потребно мало успокојување. Можеби и треба доказ дека навистина ја сакате и дека сте спремни да почекате. Подготвеноста да застанете и да одите чекор назад, многупати е единствениот доказ што и треба на жената. Тоа може да ја натера да одлучи да продолжи. Во секој случај, малку сочувство со нејзините стравови и чувства ќе ве издигне во нејзините очи.
ОСЛОБОДЕНА НЕВИНОСТ
Само затоа што е девица не значи и дека е ладна во кревет. Таа најверојатно чекала да се појави вистинскиот човек и да и покаже како се прави тоа. Ако успеете да ја разберете може да добите жена која едвај чека да ве задоволи. Нека не ве исплаши сликата на “добра девојка” – тука настапувате вие и треба да и покажете што досега пропуштала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.