Песот што обожава да се вози во тролејбуси преку ноќ стана вистински хит на интеренет во Србија, но и во регионот.
По објавувањето на неговата фотографија во српски „Блиц“, се јавиле и неколку заинтересирани што сакале да го вдомат, но и по дводневната потрага од песот нема ни трага ни глас.
Во интерес на потрагата, покрената е и акција на „Фејсбук“ при што група љубители на животни се организирале за да му помогнат на овој заскитан патник.
Во потрагата се вклучиле и контролорите од транспортното претпријатие „Бус плус“, кои ветиле дека, ако се најде кучето, на девојката што прва се понудила да го вдоми ќе ѝ подарат годишен автобуски билет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.