Поради вечерашниот натпревар меѓу ФК Работнички и ФК Рубин Казан што ќе се одигра на Националната арена „Филип Втори“ во 20 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците што гравитираат кон фудбалскиот стадион.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ и „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ кон стадионот, при што кон националната арена ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.
Ќе биде зајакнато присуството на сообраќајната полиција во насока на регулирање и безбеден проток на сообраќајот и движењето. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да се однесуваат совесно,и да ги паркираат возилата на дозволените паркинзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.