Задоволни од реализацијата на овој проект како и од солидарноста што државата и Владата ја демонстрираат за овие категории на семејства, овие граѓани се согласни дека станува збор за проект кој е од големо значење за многу семејства во државата.
-Тој што нема одено под кирија не знае како е. Вака сепак еден ден се надеваме дека ќе биде наше, конечно наше. Од еден стан на друг, од еден стан на друг, вака конечно ќе си биде наше, свое да речам. За оваа работа најмногу сум благодарен на Владата, предводена од премиерот Никола Груевски. Конкуриравме како сите, па ете имавме среќа и добивме. Многу сум благодарен, бидејќи решивме едно тешко прашање – вели Тони Чалдаров од Битола.
Реализацијата на овој проект, за овие семејства значи решавање на основното прашање за секоја фамилија за сопствен дом и создавање на услови за полесно семејно живеење, а како што велат и самите транспарентната постапка за распределба на овие станови е доказ дека овој проект е насочен кон оние на кои и најмногу им е потребна поддршка.
Лимонка Николова од Штип вели дека социјален случај од пред многу години и самохрана мајка на две деца.
-Седум години имам живеено под кирија со двете деца и сама сум се грижела за нив, а сега е многу подобро кога имаш покрив на глава, за разлика од кога сум била под кирија. Пред се се наоѓаме во населба каде што има се, се е близу, има и деца и маркети и школи. Полесно е, многу многу полесно. Иако сум самохрана мајка и социјален случај се трудам да не ми заостануваат сметките и се да е како што треба – вели Николова.
Досега, за младите брачни парови, за семејствата со ниски примања и корисници на социјална помош, за самохраните родители и другите социјални категории на граѓани, Владата изгради вакви станови во Скопје, Кичево, Македонска Каменица, Охрид, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка, Штип, Битола, Берово, Ресен и Демир Хисар, а градбата на овие станови согласно предвидената динамика продолжува и во наредниот период.
Како што најави премиерот Груевски на пуштање во употреба на зградата со социјални станови во Демир Хисар, во фаза на градба се две згради во Прилеп и Македонски Брод, а наскоро ќе отпочнат со изградба уште два објекти во општините Кочани и Гостивар.
Досега во рамки на овој проект 559 семејства веќе се вселени во своите нови домови, а во следниот период ќе се распределуваат и новоизградените 43 станови во општините Ресен и Демир Хисар, што ќе значат решавање на еден сериозен проблем за 43 семејства во социјален ризик од овие две општини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.