Оваа година како и изминатите, веќе во континуитет и традиционално, „Пиволенд“ во својата програма вклучува највеќе македонски изведувачи, групи и диџеи.
На тој начин, „Пиволенд“ ја дава својата поддршка на македонската музичка сцена, а големата посетеност во изминатите години е доказ дека македонската музика има публика и почитувачи.
На годинашното издание на фестивалот ќе ги слушаме: легендарните „Ласт експедишн“, ултразабавните „Суперхикс“, жестоките „Смат“, „Културно Уметнички Работници“, раперот Тони Зен со својата група Флека, светското име Есма Реџепова, метал-пионерите „Верка“, Барбарела и многу други.
Од регионот гостува популарниот панк-фолк бенд „Бркови“ – Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со „Блендед бру“ од Данска, група што остави огромен впечаток на годинашниот „Баскерфест“.
Врвно музичко задоволство ќе ни приреди Лемон Бакет Оркестра од Канада, бенд од 15 луѓе, светски познат со повеќе од 500 концерти годишно. Како надополнување, следејќи го примерот од изминатата година, „Пиволенд“ и оваа година им дава силна поддршка на младите и неафирмирани бендови од Македонија и заедно со Бла Бла го најавуваат вториот стејџ на кој ќе се претстават повеќе од 30 музичари и диџеи.
Најдобрите 5 ќе имаат шанса да настапуваат и на главниот стејџ на „Пиволенд“, секој ден од 19 часот. Од 2 до 6 септември, за љубителите на пиво и музика, петдневен пивски рај во Скопје! Дојди! Види! Испиј! „Пиволенд 2015“!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст