| четврток, 6 декември 2018 |

Захир Танин нов шеф на УНМИК во Косово

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го именуваше за нов шеф на Мисијата на ОН за привремена администрација на Косово Захир Танин, претставник на Авганистан во ОН, пренесува Танјуг.

Танин на должноста ќе стапи на 31 август, каде ќе го замени досегашниот шеф на УНМИК Фарид Зариф, јавуваат косовските медиуми.

Освен што на неколку седници на ОН бил на местото заменик претседател на Генералното собрание на ОН, Танин има работено и како продуцент и уредник на радио „Би-Би-Си“, но и како истражувач за меѓународни односи на економски и политички науки на Универзитетот во Лондон.

Новиот шеф на УНМИК дипломирал на Медицинскиот факултет во Кабул. Тој е роден 1956 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top