| четврток, 6 декември 2018 |

Авионска дезинсекција на подрачјата зафатени со поплавите

komarci-prskanje Авионска дезинсекција се изврши утринава на подрачјата на девет центри за јавно здравје и тоа во Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес, со посебен акцент на тие што беа зафатени со поплавите.

Министерството за здравство апелираше лицата што чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за нивна заштита и да не ги пуштаат надвор во наредните три до четири часа по прскањето.

Во согласност со акцискиот план за спречување појава и ширење на векторски преносливи болести (со посебен акцент на комарци и на крлежи), секоја година, почнувајќи од март до септември се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top