| четврток, 6 декември 2018 |

Утре дожд и намалување на температурите

Четврток е првиот ден во низата денови со дожд низ земјава. Исто така четврток носи пад на темпертурата низ земјава, но повеќе во попладневните часови, објави „Метео про“. Претпладне и околу пладне ќе биде променливо облачно, со можност за дожд во североисточниот дел на земјава.

Попладне облачноста значително ќе се зголеми во источната половина од земјата. Врнежите повремено и локално ќе се интензивираат,пред се во југоисточниот крај, но нема да имаат значителен потенцијал за поројен карактер. Повремен, сосема локален и послаб дожд очекуваме и во северозападниот дел од земјава.

Без дожд четврток ќе помине во југозападниот регион.

Максималната температура ќе има вредност во границите од 28°С до 30°С долж повардарието, и југозападниот крај, а на повисоките места во источниот регион околу 25°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top