Анонимни хакери денес објавиле лични податоци на повеќе од 37 милиони неверни сопрузи, кои партнерките за неверство ги барале преку популарниот интернет портал “Ashley Madison”.
Овој портал пред сè е наменет за пронаоѓање на партнер за вонбрачна авантура, па затоа од корисниците се бара дискреција. Меѓутоа, денес хакерите кои се претставуваат како “Impact Team”, на интернет ги објавиле нивните податоци, односно годините, висината, тежината, сексуалните фантазии и други пикантерии, па дури и фотографии.
Минатиот месец хакерите обелодениле дека поседуваат такви податоци, а денес на една веб страна, на која се пристапува со помош на посебен софтвер, оставиле 9,7 гигабајти тежок документ со адреси, лозинки и банкарски трансакции на корисниците на “Ashley Madison”.
Таму има податоци од угледни банкари, службеници на влади, службеници во ОН, но и свештеници од Ватикан. Дури 15.000 и-мејл адреси завршуваат со mil. или gov., што значи дека се од воени или владини сервери.
Автентичноста на податоците не е потврдена, но секако дека луѓето веќе ги прегледуваат податоците и бараат познати имиња. Наводно веќе пронашле неколку англиски политичари. Меѓу нив е Тони Блер, објавил порталот Wired.
Хакерите велат дека овие грешници не заслужуваат анонимност, бидејќи се “измамници”. Исто така најавиле дека следна мета е “CougarLife”, портал наменет за жени во зрели години во потрага по млади мажи.
Меѓутоа, моралните причини не се единствена причина за објавувањето на овие информации.
“Таа страна е чиста измама полна со лажни профили. Околу 95 проценти од корисниците се мажи, и шансите таму да запознаете жена се никакви. А “Avid Life Media”, конкурент на “Ashley Madison”, уредно зема 18 евра за членство. И сега ние сме виновни за ова? Не, тие се, тужете ги нив!”, велат хакерите од “Impact Team”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.