Милитантите на ИСИЛ брутално го убија и потоа обеглавеното тело на познатиот археолог Калед Асад го закачија на раскрсница за да може сите да го гледаат каква казна го стигнала што одбил да им каже каде е скриено златото и древните антички статуи, објави порталот „Денешен“.
82-годишниот пензиониран сириски археолог 50 години од својот живот ги посветил на истражување на античкиот град Палмира.
Пред еден месец тој беше киднапиран и испрашуван од страна на ултра радикална сунитска милитантна група која барала од него да открие каде се античките вредни артефакти кои се тргнати од локалитетот само неколку дена пред милитантите да го освојат градот.
Асад е погубен во центарот на грчко – римскиот антички град кој беше под заштита на УНЕСКО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО