Проблематизирањето на правото на глас на дијаспората од страна на опозицијата претставува трајна штета и навреда за Mакедонците кои живеат надвор од границите и значи губење на врските со својата татковина. Иселениците треба да го задржат правото на глас и на свои пратеници, а треба да се разгледа и можноста за отворање повеќе конзулати и формирање министерство за дијаспора, реагираат организациите на македонските иселеници низ светот.
Дијаспората е нераскинлив дел од македонската држава и иселениците имаат природно право да ги одржуваат контактите со неа. Многу македонски семејства живеат од поддршката на дијаспората, но, тие се воедно и промотор на македонските традиции, обичаи и културните вредности во странство.
Претседателот на „Обединети Македонци“ од Торонто Мендо Бакалоски вели дека е болно за нив да им се оспорува симболичното право на глас, за кое поради географска раширеност, нагласува, некои од иселениците мора да патуваат и до 150 километри за да гласаат.
– Да ни се оспорува правото на глас за нас е болно. Тоа е многу негативно за Македонија како демократија и за нас иселениците кои од кои било причини сме надвор од Македонија, да не можеме да го оствариме тоа симболично право. Се надеваме дека и опозицијата ќе се свести, ќе знаат што прават, дека навистина ова е катастрофа. Ние овде сме научени да се бориме, а не да се предаваме така лесно. Тешко ни е и ќе го откажеме, тоа е лесно, откажи ова, откажи она, што ќе остане на крајот за нас, вели Бакалоски.
Според Војче Симовски од Асоцијација на македонски организации од Детроит, неблагодарно е да се размислува дека треба да се одземе правото на глас за кое, додава, дијаспората работеше долго време.
– Дали се работи за опозицијата, дали за индивидуи или пак за поголем дел од пaртиите, не можам да го разберам размислувањето дека за едните е мајка, за другите маќеа. Доколку сметаме дека дијаспората е навистина исклучителен дел, не можам да го разберам погледот и прашањето да се одземе правото на глас на дијаспората. Токму затоа, се обраќаме до најголемите политички партии во Република Македонија да го сфатат малку посериозно ова прашање и навистина е неблагодарно да се размислува дека треба да се одземе правото на глас за кое долго време дијаспората работеше за да дојде до ова право, за да си го оствариме нашето граѓанско право, порачува Симовски.
Зоран Ивановски од Македонско-канадскиот центар вели дека конекцијата со Македонија е преку нивните роднини или преку пратеникот кој што го имаат тука.
– Тоа за нас е многу битно и воедно имаме можност нешто да сториме за Македонија и да го дадеме својот глас, секој во својот правец. Многу е битно да можеме сите да го дадеме своето мислење, вели Ивановски.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД), организација на иселениците со седиште во Вашингтон, изработи студија која содржи предлози за решавање на проблематиките околу прашањето за глас во дијаспората насловена „Решавање на институционалните препреки за Македонците кои живеат надвор од Република Македонија“.
– Заклучокот на оваа студија е дека укинувањето или ограничувањето на правото на глас на граѓаните на Република Македонија кои живеат надвор од земјата има потенцијал да ја загрози врската помеѓу дијаспората и Македонија. Наместо тоа, Владата треба да воведе поштенско или електронско гласање, да отвори повеќе конзулати и да формира Министерство за дијаспора, велат од ОМД.
Овие реформи, додаваат, се веќе имплементирани и испробани во низа други држави, и се имаат покажано како силни политички инструменти за зајакнување на демократијата и економијата на една нација.
Според премиерот Никола Груевски, дијаспората е нераскинлив дел од македонското ткиво и силен подржувач на Македонија. Треба да остане правото на глас и на избор на нивни пратеници во Парламентот бидејќи, како што посочува, тоа е симболичен гест на државата за да се оддолжи за нивната поддршка и да се слушне нивниот глас во Парламентот.
– Најголем дел од нив со душа и срце и помагаат на Македонија, ги следат настаните во Македонија, придонесуваат за развојот на Македонија. Оттука, би апелирал до сите политички партии да не се ускратува можноста не само на глас на дијаспората, туку и на нивни пратеници. Тоа ќе значи дека ние овдешните чинители сакаме да го тргнеме нивното мислење, да не се слушне во Парламентот. Она што во изминатиот период се предлагаше беше не да се укине гласањето на дијаспората, туку да се направат такви законски измени со коишто дијаспората ќе има еден или ниту еден пратеник…Такво нешто не е фер кон луѓето во дијаспората. Тоа е на некој начин работење зад грб на дијаспората, изјави деновиве премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст