| четврток, 6 декември 2018 |

„Тесла“ – нов можен гасовод низ Балканот

554a3c70-bf4c-4182-9183-10acb0094cfb-turski-tok-718x446

Министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија и Грција, во септември би требало да потпишат меморандум за изградба на гасоводот „Тесла“, кој треба да го поврзе „Турски тек“ со Австрија, објавува рускиот весник „Вједомости“.

Гасоводот, кој е продолжение на „Турски тек“ на руската енергетска компанија Газпром,  треба да минува низ Грција, Македонија, Србија и низ Унгарија и да стигне до гасниот чвор Баумгартен во Виена.

Се предвидува гасоводот „Тесла“ да биде со должина од 1.300 до 1.400 километри и со капацитет од 27 милијарди метри кубни гас и да биде завршен до 2019 година. Неговата изградба би чинела од 4 до 5 милијарди евра, а Грција би можела да го продлжи и до Италија.

Гасоводот „Турски тек“, пак,  ќе има капацитет од 63 милијарди метри кубни гас. Почнува од Русија и под Црното Море ќе доаѓа до Турција. Предвидено е да биде продолжен до гасниот чвор на турско-грчката граница. Доаѓа наместо гасоводот „Јужен поток“ од кого Русија се откажа лани во декември заради, како што беше посочено, неконструктивниот став на Европската унија кон неговата реализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top