Во народните верувања празникот Преображение се слави како премин меѓу летниот и зимскиот период, кога воздухот и водата стануваат постудени, лисјата почнуваат да жолтеат и сѐ во природата што дотогаш растеше, полека венее.
На овој ден не се работи. Порано од Преображение луѓето повеќе не се капеле во езерата и во реките. Се вели дека Гората се преобразува, а добро е симболично да се скршат лешници, велат преданијата. Жените воочи преображение врзувале црвен или бел конец околу рацете и помислувале желба. Ако конецот не се скине во текот на денот, желбата ќе се исполни. На овој ден е строг пост, а во некои краишта луѓето се причествувале в црква.
Многу верници на овој ден за првпат во годината пробуваат грозје, бидејќи мислат дека тоа се преобразува во зрело дури по овој празник.
Се верува дека ако на овој ден е убаво времето, следната година нема да биде добра жетвата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…