Високиот совет на судии и обвинители во Турција отвори истрага за двајцата обвинители, кои како невистинита ја оценија приказната за заговор за убиството на Сјумеје Ердоган, една од двете ќерки на претседателот Реџеп Таип Ердоган, информира весникот „Хуриет дејли њуз“.
Во февруари Главното обвинителство во Анкара почна истрага во врска со тврдењата, лиферувани во некои провладини турски весници, дека врз Сјумеје Ердоган се подготвувал атентат.
Според информациите, турското разузнавање пресретнало кореспонденција на „Твитер“, што откривала дека „паралелната структура“ (следбеници на движењето „Хизмет“ на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен) подготвува атентат врз Сјумеје Ердоган пред парламентарните избори на 7 јуни, со цел Реџеп Таип Ердоган да го држи настрана од предизборната кампања.
Под кореспонденција се сметале разменетите лични ставови на „Твитер“ меѓу опозициски пратеници и турски новинари. Двајцата пратеници тогаш категорично ги отфрлија овие тврдења и се пожалија во обвинителството.
Обвинителите Хусеин Парлакалач и Мустафа Гокај поведоа неколку судски предмети против весниците за изречена клевета, а Главното обвинителство на Истанбул за фалсификуван го прогласи претпоставениот заговор за убиството на Сјумеје Ердоган, напиша весникот „Џумхуриет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст