| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Јариќ и Лима заплови во манекенските води

лима

Постарата ќерка на бразилската убавица Адријана Лима и српскиот кошаркар Марко Јариќ, Валентина (6)  ќе се појави во септемвриското издание на американскиот „Вог“. Нејзината мајка, Адријана со гордост ја откри оваа убава вест на својот профил на Фејсбук.

 – Една горда мајка денес има шанса со вас да го сподели овој посебен момент со оваа прекрасна мала дама за септемвриското издание на „Вог“. Големо благодарам до „Вог“ , Брус Вебер и Табити Симонс – порачала Лима која минатата година се разведе од српскиот кошаркар по 5 години брак.

Валентина од својата славна мајка ја наследила љубовта кон модата, а се гледа дека одлично се снашла и на снимањето. Можеби наскоро ќе ја видиме и помладата ќерка на Лима и Јариќ, 4-годишната Сиена.

Инаку во септемвриското издание на „Вог“ ќе се појави и поп-дивата Бијонсе и нејзината ќерка Блу Ајви Картер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top