| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела во Грција пристигнале околу 21.000 илегални емигранти

За една недела во Грција пристигнале 20.843 илегални емигранти, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), Зијад Раад ал Хусеин.

Според него, оваа бројка е половина од вкупниот број бегалци, кои пристигнале во Грција по морски пат во цела 2014 година, и продолжува да се зголемува.

Податоците на УНХЦР покажуваат дека од почетокот на годинава во Грција, преку Средоземно Море, пристигнале околу 124.000 бегалци.

Во споредба со истиот период минатата година, растот достигнал над 750 отсто. Само во јули, во земјата, по морски пат пристигнале 50.000 лица, што е за 20 проценти повеќе во споредба со јуни. Главно станува збор за емигранти од Сирија, Авганистан и од Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top