| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на синот на агент на ЦИА: Додека собиравме костени, тој оставаше пораки

Скоти јас сум шпион. Како Џејмс Бонд. Едноставно јас сум шпион на ЦИА – со овие зборови своевремено Кит Џонсон му го опишал на својот син, тогаш тинејџер, својот двоен живот. И со тоа засекогаш го обележал.
Скот Џонсон неодамна ја објави книгата „Детството на ЦИА“ во која пишува за растењето во Белград, Дубаи, Делхи…, за својот татко Кит и неговата мистериозна работа.

johnson2
Секогаш постоеле сомневања
Знаците секогаш беа тука: постојаните селидби, живот во странство, различни работи што ги работеше и јазици што ги учеше, па ги забораваше. Сомневањата секогаш постоеја, но израснувајќи во мала куќичка од камен во срцето на дипломатскиот кварт во Белград, во почетокот на осумдесеттите, Скот бил убеден дека неговиот татко е почитуван американски дипломат во Југославија.
– Не сфаќав зошто постојано сме во движење, но татко ми велеше дека работи за Стејт департмент и дека тоа е составен дел од неговата работа. Растењето во Белград го обележаа прошетките со татко ми и нашето куче Дјук, а ни приемите, коктели, амбасади…, се присетува Џонсон на убавите денови поминати во Белград.
Длабока депресија
Едно од неговите најживи сеќавања од тоа време е жолтата липа и костенот, кои седумгодишниот Скот ги набљудувал низ прозорецот и костените што ги собирал и ги печел со својот татко. Дури по многу години Скот дознал дека кај стариот костен се наоѓала шуплина во која татко му оставал некакви разузнавачки податоци спакувани во сиво пакетче. Растењето во Белград изгледало идиличко, но, вистината еден ден морала да излезе на виделина, како дух од шише. Кога Скот бил тинејџер, татко му му признал дека, всушност, води двоен живот и дека е агент на ЦИА.
– Сфатив дека сега морам да лажам поради татко ми, дека неговиот двоен живот стана и мој. Не можев да се изборам со тој факт и бев во длабока криза, признава Скот во книгата. Од депресијата, но и од финансиските проблеми Скот го спасила работата како новинар.

Се вработил во „Њузвик“.

Во длабока егзистенцијална криза Скот Џонсон оди во Париз, во редакцијата на неделникот „Њузвик“. Признава дека тогаш ништо не знаел за новинарската, но сакал да се обиде. Меѓутоа, искусните уреденици веднаш сфатиле дека таткото на Џонсон е шпион.
– Новинарството не е толку поинакво од шпионирањето. Вие не сте многу поинакви од својот татко. Поентата на новинарството е во добивање на доверба кај луѓето. Ако еден ден ги изневерите, ќе се изневерите и себе си – му рекле тогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top