Долга е листата на значајните потези на папата Франциско во последните две години, пишува Александра Шуќур, која за Т-портал ги анализира клучните елементи кои го направија еден од најважните државници на светот.
Неговите потези насочени кон светската периферија по моделот на Тито и Неврзаните, зборуваат дека се работи за амбициозни планови. Малите детали кои ја прават разликата јасно укажуваат на тоа дека папата Берголио има чувство за доследност, дека делата го прави во склад со зборовите. А тоа е, пишува таа, во денешниот глобален политички контекст, голема реткост. А за работата да биде уште поинтересна, за разлика од државните политики кои често можат да ни изгледаат дворски, моменталната ватиканска политика ни најмалку не изгледа неповрзано со глобалните (протагонистички, а уште повеќе антагонистички) трендови, и воопшто не ги одбегнува кризните глобализациски теми и проблеми, со оглед на тоа дека континуирано го вперува прстот во свите етички и социоекономски девијации.
И не само тоа, дури се стекнува впечаток дека папата со задоволство би се ставил на чело на сите иницијативи кои се цел на расправи и решавање на проблемите кои извираат од глобалните финансиски шпекулации, нарушувањето на амбиентот од војните и сиромаштијата. Своето апостолско послание „да се биде со последните“, Берголио го сфати така што да биде буквално со последните, т.е. на страна на маргинализираните, загрозените и отфрлените.
Проценки за целната публика
Ги посетува, разговара и се обидува да ги разбере, за да биде нивни толкувач и застапник, со што својата програмско-апостолска цел ја сели и на ниво на стратегијата, која еден угледен ватиканолог ја оцени како „геополитика на шкартот“. Оној кој не асоцира на потребата за рециклирање, пренамена, обнова, поправка или барем уредно складирање. Во континуираната јавна осуда на девијациите, политичката корупција и нееднаквоста, некои конзервативни коментатори сакаат да да видат континуитет на Берголи со своите претходници, мисијата и етиката на Црквата, додека тие попрогресивните во него препознаа голем реформатор на Црквата заглибао љубов со центрите на моќ. Иако разбирливи, двете толкувања се инструментални, оддалечени од фактите и наменети на целната публика.
Литерарната техника на папата
Со едно прелистување на енцикликата „Лаудато Сии“ станува јасно дека Берголи одлично го владее нивото на тактика и техника, но и дека тој текст и по својата содржина и интерна структура е нешто повеќе од програма за политичка акција. Тие 190 страници синхронизирано и асоцијативно удираат во нервот на чувствата, умот и инстиктот.
На нив темите не се обработени со догматска сигурност и со возвишена етика која се мачи сфатливо да се спушти меѓу граѓаните, туку се нижат различни варијации на тема со цел да се елаборираат тезите дека општеството и околината, природата и историјата, се деградираат и дека сите заедно потоа тажно и ужасно оплакуваат, зашто на „лелекот на сестрата земја му се придружуваат оние од грлото на сите отфрлени“.
Романтично-поетските реченици се изменуваат со академско-научни тези, а фрањевистичкиот поглед на борбата за голо преживување се изменува со језуитско-поучни слики, слични на тие во документареците на Национална географија, кои ги гледаме воодушевувајќи се на екосистемите, чудата на нивната рамнотежа, додека не се нарушени, а понекогаш и смртно ранети под влијание на човечкото неразумно, алчно и лошо делување.
Тука теолошкиот пристап е животот кој Господ го сака и во неговата најефемерна форма, во придружба на научниот кор чиј апокалиптичен стремеж го гледа јаглеродниот двооксидот како го зема здивот на тој живот и предметите на Божјата љубов. Енцикликата повикува на конкретни дела, конкретна политика и потези на владите, бидејќи знаеме дека работите можат да се променат, а Создателот нема да не напушти, Тој нема да се откаже од својот проект за љубовта. Тој не се кае што не создал.
Бидејќи ние можеме јаглеродниот двооксид да го претвориме во кислород, можеме да ги прочистиме водите, можеме да победиме болести и чуми, да ја запреме дезертификацијата на тлото и да влијаеме на биоразградување на отпадот.
Во една реченица, Лаудато сии е стилски и содржински енциклопедиски пример на креативно пишување. Кое има и своја функција. Тактните измени на драматичниот и разиграниот панорамски приказ на папата имаат за цел пренос на здивот на планетата, борбата на нејзиниот граден кош, од тропските прашуми до целиот морски пандан, коралните бариери и милиони нови видови на живот.
Знае да ја го напипа нервот на јавноста
По нејзината објава, во хрватските медиуми можеа да се прочитаат и многу вредни коментари на тема од енцикликата, додека на широко се обработи уште само неговата посета на Сараево.
Меѓутоа, вестите поврзани за одлуката на Папата, потезите и патувањата, остануваат ограничени на медиумскиот куриозитет (признание и апелирање на доброто во секој човек, независно од тоа дали е верник или не), на спектаклот или сензацијата, што влијае на расветлување на сликата на важните државнички активности на Папата, а до некаде и на деформација на заклучоците кај пошироката јавност.
Што е важно за разбирање на идеите на папата
Иако сите ставки не се предмет на оваа анализа, ги изнесувам само како преглед на неговата акција:
– Воведување на казна за дело за премолчување на кривично дело на педофилија во канонското право.
– Именување на кардинал по клучна популациска репрезентативност, а не по клуч на провениенција или блискост со центрите на моќ, т.е. трансфер на кардиналските власти на перифериите на светот. Се работи за намалување на моќта на Римската курија, со паралелен трансфер на квотите на моќ од врвот на базата, како и наградување кое води сметка не само за квантитетот, туку и за квалитетот на борбата со предизвиците. Идната конклава повеќе ќе се рефлектира на плуралитетот на малите учесници. Црквата, токму како и креативното именување, како тие во Морелија во Мексико или Јангонг во Мјанмар, каде верниците кои ги претставуваат неокардиналите, секојдневно се соочуваат со доминацијата на крупните трговци на наркотици или со воената хунта. А далеку помалку ватикански кариеристи на кои Берголио континуирано им ги укинува столиците, при Светата столица, отворено преферираат теренска акција над дворското приспособување.
– Безрезервно признавање на Палестина. Јасен став наспроти Блискиот Исток, по пат на активна соработка на апостолските нунции во Бејрут со маронитите, на обидите за отворање на хуманитарен коридор и згрижување на сириските бегалци.
– Општа зајакната активност во посредувањето во меѓународните политички тензии и конфликти.
– Воведување на транспарентност во функционирањето на банките ИОР, отпор на интерните центри на моќ, изнаоѓање на нови рамнотежи во раководењето на ватиканските приходни средства, со нивна паралелна централизација во една институција и директна одговорна врска за именување на раководители. Укинување на непотребни канцеларии, функции и министерства.
Самите тие ставки, кои никако не го исцрпуваат пописот на неговите важни потези во својство на државник, ги демантираат лицата кои се сомневаат и кои во неговата акција гледаат успешен маркетинг и верска пропаганда.
Таквите редуктивни видувања се темелат на предрасуди, кои лесно се рушат довикувајќи го во аргументацијата фактот дека Градот Ватикан е држава, со своето членско место во Собранието на ООН, каде ја наоѓаме во првите редови на борбата за јакнење на власта во Собранието, наспроти аристократскиот Совет за безбедност.
Адути во човечноста и правичноста
Исто така, се занемарува и фактот дека папата неговата човечка скромност и правичност, државничка одлучност и доследност, го прават далеку поголем лидер од кој било друг актуелен државник на светот. Со тоа не сакам да кажам дека Ватикан не располага со потентен маркетинг, кој внимава на пласманот на твитовите на pапата, води сметка за бројот на следбениците и известува за ненајавените блиц-посети на некое обесправено или ожалостено семејство или заедница на римската периферија.
Фрагментите се тие кои неодоливо потсетуваат на ноќните излети на добриот калиф Харун и Рашида, додека преправен во сиромав проверува што се случува на перифериите на Багдад и неговото царство, како и на нивното прекрасно прераскажување во „Илјада и една ноќ“… Секако дека маркетингот не е непознат ни во Ватикан ни во Католичката црква, но важно е тоа што со маркетиншката приказна сака да се пласира, купи или продаде, што се крајни цели и стратегии кои водат кон нив.
И тука се враќаме на почетокот, на апостолската цел да се биде со последните во денешниот глобален свет, во момент кога тој свет повеќекратно се поларизира, а секој пол има свој центар и своја периферија, покрај веќе постоечкиот раскол на Север и Југ, на богати и сиромашни.
Мултиполаризацијата на светот условува регионализација и меѓусебна жестока конкуренција, поради кои ниту една идеологија, а пред сѐ таа либералната која симболично ја отелотворува СТО, не може да наиде на конкурентна доследна примена, бидејќи потребите за самозаштита стануваат сѐ поголеми, со оглед на зачестеноста на кризите и потресите кои ги произведува глобализацијата.
Се интересира за сите кои се последни
На папата интересни му се сите последни, тој светот го гледа глобално, бидејќи од агол на верник, така го гледа и универзалниот Бог. Затоа неговата политика е чиста геополитика, која неминовно се развива преку стратегии кои се темелат на следните стратешки основи:
Првиот е визија која ги поврзува сите периферии, инспирирана од солидарност и сојузништво на последните, отпишаните или периферните наспроти центрите на моќ. Визијата на сојузништво на малите и периферни земји во меѓународните односи многу потсетува на Движењето на неврзаните. Идејата во добар дел се пресели и во самата конклава, на што укажува увидот во потеклото и курикулумите на новите кардинали. Тука тие не се наоѓаат како блок, туку во хармоничнаа интеракција со претставниците на центрите кои,иако малцински, не се помалку значајни во однос на целите и пораките на папата. Целата конклава зазема лик на демократско-делегатски систем, каков што беше на сила во повеќе земји од Движењето на неврзаните, додека потеклото и бројот на кардиналите потсетува на претставниците и на застапеноста на државите во Собранието на ООН.
Вториот е цврстината на позицијата наспроти претставниците на центрите на моќ. Агендата за посета на перифериите има поголем приоритет од салонските средби со државниците кои ги направија денешните полови. Папата со центарот разговара така што оди на периферијата и апелира и бара оттаму. Во Сараево отиде од ЕУ да побара европска перспектива за Босна и Херцеговина, да не ја остават исклучена. Смешно е што некои очекуваа дека толку благородно, силно и детерминирано лице ќе дозволи да биде воден како мечка на меѓугорскиот Лас Вегас, промовирајќи празноверен кич, продажба на панаѓурски предмети и амбиентален барбаризам кој таму е направен. Да се надеваме дека барем се покааја по таквите грешни мисли на кои ги наведе дворишниот егоизам и примитивен конзумеризам.
Во САД ќе оди во септември, така што ќе ја посети харлемската периферија и затворениците. Путин го прими на 50 минути како претставник на руската православна црква, а не како претседател на Руската Федерација. Последната пречка за мисијата на папата за христијанството, да се биде со последните, е рускиот патријарх, ноторно на страна на посилниот и демократурата на Владимирович, поради што истиот не е во најдобри односи ни со останатите православни автокефални цркви. Браќата по крст, настојуваат да не ги потенцираат меѓусебните дивергенции, туку мирољубиво се обидуваат да се убедат во она што е подобро за сите. Берголи е папа кој најмногу се приближи кон таа цел, независно од поддршката што ѝ ја дава на украинската унијатска црква.
Третиот е угледот. Апелирањето од перифериите и одмереноста во директниот однос со моќниците на планетата, дополнително ја потхрануваат и зајакнуваат неговата мека сила на владеење. И кон центрите и кон перифериите. Тоа дава му сила на неговиот лидерски потенцијал за глобалните иницијативи, а го зајакнува и угледот на Католичката црква, како кај католиците, така и кај другите верници, но и агностиката и атеистиката. Угледот и довербата и денес се важни за перцепцијата на луѓето. Во Италија доживеа вистински подем на популарноста откако свика мисија за политичарите во шест часот наутро. Видно ненаспиени, со наведнати глави и рамена, пред работното време ги принуди да слушаат час и половина хомилии против злото и корупцијата, социјалната нееднаквост, моќта и алчноста, со кои папата немилосрдно ги маваше како строг Пастир и одговорен Отец. Бидејќи, ако со Злото па и со потенцијалното Зло не почнат сериозно да се борат, тоа ќе надвладее.
А, за крај, целосно е сеедно дали Доброто во секој човек ќе го поврземе со толкувањето на папата дека секој човек верник или атеист, е создаден на Божја слика или со дарвинистичкиот концепт за одржување на нашиот вид, поради кој мораме да правиме Добро за да преживее планетата, или видот да го заштитиме од нови војни, сиромаштии, маргинализација и несреќи. Важно е дека целта која е единствена за двете поставки да биде постигната. Притоа, за двете корисно е папата Франциск да продолжи вака квалитетно да ја одработува својата државничка и апостолска мисија.
Tportal.hr – Загреб
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст