Ако се најдете во искушение да се свртите кон некој од овие 4 типа на секс, одвоите неколку секунди и уште еднаш размислете затоа што тој може да ви направи повеќе штета отколку корист.
Секс после раскинување на врска
Можеби ви се чини како добра идеја, но последиците од ова последно возење можат да бидат крајно сериозни. Раскинувате, значи нешто не е како што треба. Дури и ако сексот не е причина, тој може дополнително да ја искомплицира веќе непријатната ситуација – а тоа, сигурно не е вашата цел.
Партнерот многу лесно може погрешно да ги протолкува вашите намери и да го сфати сексот како повик за смирување, а не како последен поздрав во голем стил. Дури и доколку сте личност која на другите јасно им ги става до знаење своите намери, науката ни дава предупредувања против сексот при раскинување на врската.
Романтичното одбивање и скршеното срце ги активираат истите делови на мозокот кои се задолжени за болка, стрес и зависност. Потребно е да пројде време за да се намалат овие чувства, а кога раната е свежа, не сакате вашето тело да ги поврзува овие негативни емоции со сексот и да ви ја уништи една од најубавите работи на светот.
Пијан секс
Неколку пијалоци можеби ќе ве опуштат и ќе ви помогнат да се ослободите од одредени инхибиции, но погрижете се да ја ограничите количината на алкохол која ја внесувате во себе.
Ако планирате да пиете, имајте на ум дека алкохолот влијае врз вашата способност на расудување. Утрото нема да донесе само каење, туку алкохолот може да влијае и на вашата одлука да не користите заштита, па така е важно да планирате однапред затоа што не сакате да се разбудите и да сфатите дека себе си сте си го уништиле остатокот од животот поради една ноќ возбудување.
И не само тоа, алкохолот влијае врз циркулацијата што го отежнува добивањето на ерекција, па така многу лесно може да се случи возбудување воопшто да нема.
Секс од сожалување
Ако поминувате низ тежок период и ви недостасува самодоверба, сексот за една ноќ дефинитивно не е вистинското решение – особено ако сте жена.
Иако сексот за една вечер може да биде забавен за некои, жените речиси секој пат го извлекуваат подебелиот крај.
Истражувањата покажале дека 54% од жените се разочаруваат после сексот за една ноќ, додека 80% од мажите позитивно гледаат на ова искуство, затоа што тоа им овозможува малку да се „издуваат“.
Секс за смирување
Експертите се поделени околу овој вид на секс, па така е најдобро самите да видите дали сакате да се впуштите во оваа авантура.
Одредени експерти сметаат дека сексот за смирување ја наградува кавгата, драмата и лошото однесување и тврдат дека паровите на овој начин избегнуваат да пронајдат решение за одреден проблем и се свртуваат кон спротивно искуство (задоволство) во вид на секс.
Овој тип на секс не е вистински „вид на интимност“ и може да доведе до осаменост и верување дека сè може да се поправи со секс, што не е случај.
Од друга страна, ако несогласувањето го решавате со комуникација, компромис и планови за понатамошен напредок на врската, сексот за смирување може да биде возбудлив и крајно функционален – како награда за добро завршена работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.